македонија11 септември 2024 Приведено лице од кумановско за издржување шестгодишна затворска казна
Денеска во 03.15 часот, полициски службеници од СВР Куманово го привеле И.Љ.(46) од с. Черкези, кумановско, кој бил баран по потерница врз основа на наредба од Основен суд Куманово за издржување на казна затвор од шест години за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“ по член 235-а од Кривичниот законик.
И.Љ. бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Куманово за издржување на казната, информира МВР.