07 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Со одбивањето да го прифати предлогот за ребаланс на Буџетот поднесен од СДСМ, со кој се обезбедуваа средства за минимална плата од 600 евра, Владата уште еднаш покажа дека не е подготвена да ги зголеми платите на работниците, реагираат од СДСМ.
Според партијата, одлуката на владејачкото мнозинство јасно укажува дека приоритет на Владата не се граѓаните кои едвај врзуваат крај со крај, туку луксузите на владините функционери и сомнителните тендери.
„Нема веќе изговори – сè е јасно како ден. Наместо поддршка за работниците и повисоки плати, Владата свесно избра раскош и непродуктивни трошења“, се наведува во реакцијата.
Од СДСМ потенцираат дека цело време настапуваат како конструктивна опозиција, но дека Владата систематски ги одбива сите нивни предлози. Како примери ги наведуваат одбиените иницијативи за зголемување на минималната плата, формирање анкетна комисија за трагедијата во Кочани, резолуција против трговија со мигранти за пари, законски решенија за намалување на цените на храната, како и предлози за поддршка на приватниот сектор и раст на платите.
Според партијата, на ВМРО му пречи тоа што СДСМ не е „контролирана опозиција“, туку активно укажува на проблемите и нуди конкретни решенија во интерес на граѓаните.
„СДСМ останува на страната на работниците и на страната на граѓаните. Ќе продолжиме да се бориме за достоинствени плати и подобар животен стандард“, порачуваат од партијата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

