06 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Пратеничката и потпретседателка на СДСМ, Јованка Тренчевска, изјави дека државата има реална можност да обезбеди средства за зголемување на минималната плата на 600 евра, без да се загрози економијата или работењето на приватните компании. Според неа, тоа може да се постигне преку ребаланс на Буџетот и рационално кратење на трошоците за луксуз на власта.
Тренчевска нагласи дека за зголемување на минималната плата на 600 евра се потребни околу 7,5 милијарди денари, односно 120 милиони евра. Како што посочи, со намалување од 20 до 30 отсто на трошоците за стоки и услуги – како службени возила, мебел, патувања, репрезентации и комфор на функционерите – може да се обезбедат околу 130 милиони евра. Дополнително, со кратење на различни трансфери би се обезбедиле уште 75 милиони евра, со што вкупната сума би надминала 200 милиони евра.
Таа упати апел до владејачката ВМРО-ДПМНЕ да не ги плаши приватните компании и работодавачите, потенцирајќи дека предлогот на СДСМ предвидува и поддршка за бизнисите преку субвенционирање на придонесите. Според неа, не е прифатливо да има средства за луксуз, патувања и партиски вработувања, а истовремено да се тврди дека нема пари за подобар животен стандард на работниците.
Тренчевска ги оцени како неосновани тврдењата дека зголемувањето на минималната плата ќе ја загрози економијата. Таа потсети дека во мандатот на СДСМ минималната плата пораснала од 8.000 на 22.000 денари, без губење на работни места или нарушување на економската стабилност.
„Напротив, кога граѓаните имаат повеќе пари, се зголемува потрошувачката и домашното производство. Ако власта навистина сака да им помогне на работниците, може веднаш да предложи ребаланс на Буџетот. СДСМ ќе го поддржи“, порача Тренчевска.
Возачите на ЈСП ќе ги плаќаат казните од свој џеб за сообраќајни прекршоци
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

