02 ноември 2026
• од Елена Иванова
Коалицијата ВЛЕН порача дека ниту една политичка партија не може да ги контролира или да ги смета за свои гласовите на граѓаните, по изборниот пораз на нејзиниот кандидат во Брвеница. Кандидатот на Националната алијанса за интеграција, поддржан од ДУИ, победил со 4.442 гласа, наспроти 4.177 за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, објави „Независен Весник“.
Од ВЛЕН оценија дека изборниот резултат е одраз на слободната волја на граѓаните и повикаа на почитување на демократските принципи. Коалицијата предупреди и дека реториката заснована на етнички поделби може да ги продлабочи разликите меѓу заедниците.
Реакцијата следуваше откако ВМРО-ДПМНЕ го критикуваше ВЛЕН по поразот во општината. Изборниот исход отвори политички расправи за поддршката во албанскиот политички блок и односите во владејачката коалиција.
Во Брвеница до 15 часот гласале 1.515 граѓани повеќе отколку во првиот круг
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

