01 ноември 2026
• од Димитар Стојановски
Народната банка воведе привремена администрација во Алта банка АД Битола поради случувањата со нејзиниот акционер со квалификувано учество, Алта банка АД Белград. За клиентите ќе важи неделен лимит од 10.000 денари за повлекување средства од сметките на физичките лица со картички издадени од банката.
Гувернерот Трајко Славески соопшти дека мерката е донесена на 1 ноември и веќе стапила во сила. Таа следува по јавно објавените информации за одземање на дозволата за работа на банката во Белград и за покренување постапка поврзана со стечај.
Според Народната банка, Алта банка Битола е високо капитализирана и ликвидна, има квалитетно кредитно портфолио и ги исполнува супервизорските стандарди. Привремената администрација значи дека управувањето со имотот на банката го преземаат лица именувани од Народната банка.
Ограничувањата за исплати од сметките треба да стапат во сила во наредните денови. Интерните плаќања меѓу сметките на клиентите во банката ќе останат неограничени. Од Народната банка ги повикаа кредитокорисниците редовно да ги исполнуваат обврските и порачаа дека мерките се насочени кон заштита на имотот и интересите на штедачите.
Во Брвеница до 15 часот гласале 1.515 граѓани повеќе отколку во првиот круг
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

