29 април 2025
• од Вардарски
Потенцијалната репрезентативна сага околу Алекса Амановиќ доби дефинитивен епилог. Поранешниот младински репрезентативец на Македонија јасно стави до знаење дека настап за сениорската селекција на Македонија не е во неговите планови, отфрлајќи ги сите претходни шпекулации и надежи.
Во интервју за медиумите во Казахстан, каде што моментално настапува, Амановиќ категорично изјави дека неговата единствена репрезентативна амбиција е да добие повик од националниот тим на Србија.
„Казахстан не доаѓа предвид, бидејќи не сакам да заземам место на домашен играч. Македонија, исто така, не е опција. За мене, единствен избор е Србија,“ истакна дефанзивецот.
Амановиќ, кој никогаш не настапувал во Првата македонска фудбалска лига, својата кариера ја гради надвор од Македонија, а во казахстанскиот шампионат дојде од српскиот клуб Јавор Ивањица.
Со оваа изјава, Амановиќ ја затвори вратата за можното враќање под македонското репрезентативно знаме, оставајќи ги македонските навивачи без можност да го гледаат во националниот дрес.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

