08 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Градоначалникот на Тетово и кандидат за нов мандат од коалицијата „Вреди“, Билал Касами, сподели радосна семејна вест која го исполни со гордост и среќа. На својот фејсбук-профил тој објави дека неговиот син, Лавдрим Касами, добил покана да игра за албанската фудбалска репрезентација до 19 години (У19).
„На врвот на кампањата, најубавата вест која неизмерно ме воодушеви дојде од Тирана. Мојот син, Лавдрим, доби покана од албанската фудбалска репрезентација У19 за два пријателски натпревари против Ирска. Ви благодарам!“, напиша Касами на социјалните мрежи.
Со оваа објава, Касами изрази огромна татковска гордост и радост поради успехот на неговиот син, кој доби можност да го облече дресот на младинската селекција на Албанија. Поканата претставува признание за неговиот талент и труд, а истовремено и горд момент за целото семејство Касами.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден