Братовчедот на Григор Димитров, Александар Василев постигна историски успех
Бугарскиот тенисер, Александар Василев, братовчед на познатиот бугарски тенисер Григор Димитров, постигна нов највисок пласман во светските тенис ранг-листи за играчи под 18 години. Василев се искачи за две места по Австралијан Опен, каде 17-годишниот талент стигна до осминафинале, но изгуби по спектакуларен пресврт и повреда од претставникот на „Топ 10“ на ранг-листата, Џек Кенеди од САД.
Тој моментално се наоѓа на 19-то место, што е негов највисок пласман досега. Василев има 1207,75 поени, освојени во вкупно 30 турнири.
Василев тренирa на академијата „Good to Great“ (GTG) во Стокхолм, Шведска, од крајот на минатата година. Во оваа академија, која е позната по тоа што ја развива врвната тениска класа, претходно беше и Григор Димитров, кој помина околу една година во оваа институција на почетокот од својата кариера.
Во моментов, под водство на поранешни професионални играчи и сегашни тренери како Магнус Норман, Микаел Тилстром и Николас Култи, во академијата се подготвуваат и тениските ѕвезди Стан Вавринка и Гаел Монфилс за предизвиците на турнејата.
Тенисерот Василев продолжува да расте и да го поместува своето ниво, потврдувајќи го својот потенцијал за идните предизвици и големи успеси на светската сцена.