27 април 2025
• од Вардарски
Националниот тим на Бугарија постигна голема победа над актуелниот светски шампион Романија со резултат 6:3 на турнирот Nations Games, кој се одржува на Националната фудбалска база во населбата Бојана во Софија.
Бугарите започнаа фуриозно и уште на самиот старт зададоа два брзи удари. Во седмата минута Данило Васов го отвори резултатот, а во 15-та минута Љубомир Генчев го удвои водството по асистенција од Ангел Рахов.
Сепак, Романија покажа зошто е светски шампион, враќајќи се брзо во играта. Виорел Саим намали на 2:1 во 20-та минута, а само една минута подоцна, по додавање на Андреј Бала, Александру Нечита израмни на 2:2.
Бугарите не се обесхрабрија и одговорија со нова силна серија. Во 23-тата минута Момчил Кузманов, по асистенција на Николaj Маринов, донесе ново водство за Бугарија — 3:2. До крајот на полувремето, во 25-та минута, Ивајло Тодоров погоди за 4:2 по уште едно додавање од Ангел Рахов.
Во второто полувреме, Бугарија ја потврди победата. Во 28-та минута Николай Иванов постигна гол за 5:2 по асистенција на Божидар Атанасов, а во 40-тата минута Атанасов се запиша и како стрелец за 6:2, овојпат по додавање на Иванов.
На самиот крај, Андреј Сумалеа постигна почесен гол за Романија, поставувајќи го конечниот резултат 6:3, но тоа не ја засени големата победа на бугарската селекција.
Со оваа победа, Бугарија е на чекор до пласман во финалето на турнирот, а за тоа ќе биде доволно да не загуби од Израел во последното коло.
Турнирот Nations Games е дел од подготовките за Светското првенство во мини-фудбал, кое започнува на 21 мај во Баку, Азербејџан.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

