30 април 2025
• од Вардарски
Фудбалскиот клуб Гостивар повторно ја разбранува јавноста со уште едно полноќно соопштение, овојпат упатено директно кон Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), која ја обвини за непријателски однос и тенденциозно постапување. Повод за реакцијата е службената загуба со 0-3 против Работнички, поради самоволното напуштање на теренот од страна на гостиварскиот тим во завршницата на натпреварот во неделата.
Иако првичните објаснувања беа насочени кон незадоволството од судењето на Игор Стојчевски, Гостивар сега ја префрла вината врз самата федерација, тврдејќи дека нивното последно соопштение било исполнето со „отров“ и неосновани напади.
„Очигледно е дека ФФМ побрза со официјално соопштение пред ние да дадеме било каков коментар. Нивниот агресивен тон и антагонистички став не се однесуваат само на еден натпревар, туку покажуваат поширока нетрпеливост кон нашиот клуб“, стои во соопштението на Гостивар. Од клубот додаваат дека се чувствуваат напаѓани со „улични гласини“ и неосновани тврдења, прашувајќи се од каде федерацијата добива такви информации.
Гостивар исто така изрази разочараност од новото раководство на ФФМ, за кое велат дека наместо подобрување, создава дополнителен притисок врз клубовите што имаат храброст да се спротивстават на неправдите. Дел од реакцијата беше насочена и кон локалниот ОФС Гази Баба, чие вмешување по натпреварот со Работнички клубот го смета за непотребно и нерелевантно.
Клубот најави дека наскоро ќе следува детален одговор, точка по точка, на сите обвинувања изнесени од страна на ФФМ.
По службената загуба и очекуваните санкции за напуштање на натпревар, Гостивар се подготвува за следниот дуел во Првата лига, кога ќе го пречека Пелистер на стадионот „Борис Трајковски“.