09 април 2025
• од Вардарски
Фудбалските легенди на Македонија и Бугарија ќе ги здружат силите во хуманитарен натпревар што ќе се одигра на 27 април со почеток во 17:00 часот, на стадионот во Варна, Бугарија. Настанот има за цел да собере средства за помош на настраданите во трагичната несреќа во Кочани.
Организатори на овој благороден настан се фондацијата „Национали 94“, составена од славната генерација на бугарската репрезентација од СП 1994, и Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Сите приходи од продадените билети ќе бидат донирани за хуманитарната кауза.
Во бугарскиот состав ќе настапат некои од најголемите имиња од златната генерација:
Христо Стоичков, Борислав Михајлов, Емил Костадинов, Јордан Лечков, Наско Сираков, Красимир Балаков, Илијан Илиев и Валери Божинов.
Македонската репрезентација ќе биде составена од фудбалери од различни ери:
од првата репрезентативна генерација – Илија Најдоски, Чедомир Јаневски, Зоран Бошковски, Бобан Бабунски, Дарко Панчев,
до поновите херои како Горан Пандев, Агим Ибраими, Гоце Седлоски, Артим Шаќири, Дарко Тасевски и Ванчо Трајанов – двајца фудбалери кои оставија значаен белег и во бугарскиот клубски фудбал.
Селектор на македонскиот тим ќе биде Ѓоко Хаџиевски, а бугарскиот тим ќе го води легендарниот Димитар Пенев.
Пред почетокот на натпреварот, со почеток од 15:00 часот, ќе се одржи хуманитарна програма со музички настапи на популарни изведувачи од регионот.
Билетите за настанот се достапни преку мрежата на Eventim, по цена од 15 лева.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

