03 мај 2025
• од Вардарски
Македонската фудбалска репрезентација до 15 години го заврши настапот на последното 12-то место на престижниот „Турнир на нациите“, кој се одржа од 25 април до 1 мај во Италија, Словенија и Австрија.
На турнирот учествуваа 12 национални селекции поделени во четири групи со по три екипи. Македонија се најде во група со Јужна Кореја и Словенија, каде што забележа два пораза: 0:3 од Словенија и минимално 0:1 од Јужна Кореја, без постигнат гол.
Во натпреварите за пласман од 9-то до 12-то место, младите македонски фудбалери предводени од селекторот Иљами Исени претрпеа уште два тесни пораза – од Обединетите Арапски Емирати (0:1) и од Саудиска Арабија (0:1), со што го завршија турнирот како последнопласирани.
Од македонската репрезентација, на турнирот настапија и двајца играчи од клубот Кул Здравје од Скопје – Марио Стојчевски и голманот Младен Крстевски.
На врвот на турнирот се искачи Италија, следена од Романија и Чешка.