10 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Кошаркарската репрезентација на Северна Македонија го запиша најтешкиот пораз во поновата историја, откако во Шолнок убедливо загуби од Унгарија со 58-96, во рамките на втората рунда од претквалификациите за Светското првенство во 2027 година. Со овој резултат, шансите за пласман во следната фаза се значително намалени.
По домашниот пораз од Романија, подмладениот состав на селекторот Марјан Илиевски не успеа да се врати на победнички пат. Иако првата четвртина беше израмнета (19-18), вториот период донесе целосен пресврт. Унгарците отворија со серија поени и стигнаа до предност од 35-18, по што разликата постојано беше двоцифрена. Во последниот период, домаќинот имаше и максимални +40 (94-54).
Ова е прва победа за Унгарија во претквалификациите, додека Македонија запиша втор пораз. Високата разлика од 38 поени го надмина претходниот рекорд во поновата историја – поразот од Шпанија во 2022 година (44-80). Апсолутниот негативен рекорд останува поразот од Хрватска во 1993 година (128-72).
Со ваков развој на настаните, пред нашата репрезентација стои исклучително тежок пат доколку сака да обезбеди место во следната фаза од квалификациите.
ДУИ бара политичка одговорност по фашистички повици на натпревар во Куманово