12 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Општина Прилеп со жалење ја прими одлуката на раководството на ФК Победа за повлекување на сениорската екипа од натпреварувањето во Втората македонска фудбалска лига, оценувајќи дека ваквиот развој на настаните е резултат на долгогодишни финансиски и управувачки проблеми во клубот.
Во официјалното соопштение, локалната самоуправа нагласува дека во ниту еден момент не престанала со обиди за спас на клубот, но дека наишла на сериозен и континуиран недостиг на соработка од страна на мнозинските сопственици. Според Општината, биле иницирани повеќе обиди за дијалог и изнаоѓање долгорочно решение, но сопственичката структура одбила да постави легитимни органи на управување и извршен директор, што довело до „функционална парализа“ на клубот.
Општина Прилеп донела одлука за еднократна финансиска поддршка во износ од 1.000.000 денари, со цел да се помогне во стабилизација на состојбата. Сепак, реализацијата на средствата била оневозможена – најпрво поради распишување на изборен процес, а потоа и поради блокирана сметка на клубот.
Од Општината посочуваат дека блокадата е последица на долгогодишно недомаќинско работење, при што официјалната документација покажувала вкупен долг кон Управата за јавни приходи од над 7.000.000 денари. Во таа сума се вклучени:
Од Општината нагласуваат дека ова е долг само кон УЈП, без да се пресметаат евентуалните обврски кон други државни и приватни субјекти. Според нив, евентуалната исплата од Општината би завршила во сервисирање на долгови, наместо во директна поддршка на спортските активности.
Во соопштението се изнесуваат сериозни обвинувања дека службени средства на клубот биле трошени ненаменски – за уплати во казина, обложувалници и за приватни потреби. Општината потенцира дека не смее да дозволи буџетските средства на граѓаните да бидат искористени за покривање на вакви долгови и евентуални злоупотреби.
Со оглед на тоа што приватниот капитал поседува мнозинство од акциите, одговорноста за финансискиот колапс и правниот вакуум, според локалната власт, е исклучиво кај сопствениците, кои наместо соработка избрале пасивност.
И покрај состојбата, Општина Прилеп нагласува дека останува посветена на спас на ФК Победа, но единствениот можен пат напред е преку целосен и транспарентен увид во финансиското работење на клубот.
„Победа мора да продолжи на здрави основи, со чиста сметка и транспарентно управување“, се вели во соопштението, со пораката дека достоинството на клубот и на градот може да се зачува само преку чесно и одговорно управување.
Општината порачува дека стои на располагање за помош, но нема да дозволи средствата на граѓаните да се користат за покривање на трошоци кои немаат врска со спортот.
Џорџа Мелони им оддаде почит на илјадниците Италијанци убиени од режимот на Тито
Филипче: Врв на безобразие – нема пари за плати, а има за нов владин авион
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

