24 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Фудбалскиот клуб Шкупи излезе со соопштение по инцидентот на младинскиот натпревар во Штип, каде родител физички нападна млади играчи на Брегалница. Според клубот од Чаир, родителите не реагирале со намера да нападнат, туку единствено за да ги заштитат своите деца од можната ескалација на ситуацијата.
Од Шкупи обвинија дел од македонските медиуми за, како што велат, „неточни прикажувања и клевети“, тврдејќи дека јавноста не ја добила целосната слика. Клубот потенцира дека со години вложува во воспитно-спортски развој на младите и редовно организира предавања за фер-плеј, почит и коректност.
„Фудбалот нема и не смее да има место за насилство. Нашата интервенција беше исклучиво за да се спречи понатамошна ескалација. Со ФК Брегалница имаме добри односи и се надеваме вакви инциденти никогаш повеќе да не се повторат“, се наведува во соопштението на Шкупи.
Инцидентот се случи на младински натпревар во Штип, каде според официјалниот извештај на МВР и снимките од теренот, родител на млад играч на Шкупи брутално нападнал фудбалери на Брегалница. Две деца се повредени, од кои едното се здобило со потешки повреди.
Министерството за внатрешни работи потврди дека е уапсен 43-годишниот А.А., кој ги нападнал малолетниците. Тие веднаш биле пренесени во Клиничката болница во Штип за укажување медицинска помош.
Фудбалската федерација на Македонија остро го осуди скандалот и најави дека ќе следуваат строги санкции за сите инволвирани во немилиот настан.
Од Шкупи, пак, нагласуваат дека ќе продолжат да работат на зајакнување на спортскиот и воспитниот аспект кај децата и дека нивната мисија останува промоција на фудбалот како игра која „обединува, а не разделува“.
Наместо гордост, понижување: Штип празнува јубилеј на клуб со окупаторско потекло
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден