23 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) излезе со остро соопштение откако добила информации дека дел од фудбалските клубови барале пари од родителите за спортската опрема која им беше донирана од Федерацијата.
Од ФФМ ги информираа сите родители чии деца тренираат во младинските категории дека опремата е донација и дека истата мора бесплатно да се додели на младите фудбалери.
„ОПРЕМАТА НЕ СМЕЕ ДА СЕ НАПЛАЌА!“, стои во соопштението.
Федерацијата потврди дека има добиено сериозни укажувања за клубови кои го прекршиле договорот и наплаќале за нешто што е наменето да биде поддршка за развојот на младите спортисти.
ФФМ ги охрабрува родителите веднаш да пријават доколку нивниот клуб бара пари за опремата. Целта на овој проект е младите да имаат еднакви услови за тренинг без дополнителен финансиски товар за семејствата.
На официјалната страница на ФФМ објавена е и целосна листа на клубови кои ја добија донацијата (линк тука).
Овој скандал предизвика бурни реакции, бидејќи станува збор за донација која клубовите ја добија без никаков финансиски надомест. Наместо да ја искористат за вистинската цел – поттикнување на младинскиот спорт – некои клубови се обиделе да извлечат дополнителна корист на сметка на родителите.
ФФМ најави дека ќе ја следи ситуацијата и ќе преземе соодветни мерки за да ги заштити младите генерации од вакви неправилности.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден