24 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Голем скандал го потресе македонскиот фудбалски аматерски систем викендов, кога на натпревар од Четвртата лига – тетовски регион, во селото Желино, беше интонирана химната на Албанија.
Настанот се случил на дуелот помеѓу екипите Палатица и Влазрими од Слатино. Наместо официјалниот протокол да биде почитуван според правилата на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), домаќините ја пуштиле албанската химна.
Ваквиот потег се смета за грубо прекршување на прописите на ФФМ, според кои пред почетокот на натпреварите не е дозволено интонирање на химни кои не се официјално признати од Федерацијата. Очекувањата се дека дисциплинските органи ќе реагираат со соодветни санкции за организаторите.
Инцидентот дополнително доби на тежина поради објавата на социјалните мрежи од страна на екипата на Влазрими. Тие гордо истакнаа:
„Пред почетокот на натпреварот сите фудбалери се здружија и со гордост ја испеаја албанската химна, посебен момент кој покажа дека фудбалот не е само спорт“.
Овој случај повторно ја отвора темата за мешањето на националните и политичките симболики во спортот, што може да предизвика дополнителни тензии. Сега останува на ФФМ да покаже дали ќе има решителна реакција за да се спречат вакви инциденти во иднина.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден