СВЕТ

Акад. Григоров: Бугарија и С. Македонија градат мостови, не ѕидови

01 јули 2025

• од Станча Јаќимовски

Претседателот на Бугарскиот Црвен крст (БЧК), академик Христо Григоров, истакна дека заедничката работа со Црвениот крст на Република Северна Македонија претставува пример за тоа како соработката меѓу соседите може да придонесе за поголема сигурност и хуманост во регионот.

Во изјава за БГНЕС, акад. Григоров нагласи дека иднината се гради кога се градат мостови, а не кога се рушат, посочувајќи ја успешната координација меѓу двете организации за време на трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, каде што во пожар животите ги загубија десетици луѓе.

„Бугарија и БЧК беа едни од првите што помогнаа. Да не дава Господ, ако нешто се случи кај нас, кој ќе ни помогне? Најблиските соседи – Македонците. Да одиме напред заедно, да бидеме обединети за да бидеме силни и да можеме да се справуваме со предизвиците околу нас“, изјави Григоров.

Тој ја подвлече важноста на довербата и заедничките цели во хуманитарната мисија.

„Кога имаме доверба и кога имаме една заедничка цел – да им помагаме на луѓето, тоа нè обединува и нè прави посилни. А кога сме обединети, раката што ја подаваме на оние што се во неволја е многу посилна – таа не само што им помага, туку и ја враќа надежта за иднината“, додаде претседателот на БЧК.

Григоров го нагласи и значењето на партнерството со Црвениот крст на Македонија, нарекувајќи го еден од најважните партнери на бугарската организација.

„Тоа е еден од нашите најблиски партнери со кои одлично соработуваме. И ќе продолжиме да работиме не само со нив, туку и со сите останати. Соседите први помагаат. Да се помолиме да нема катастрофи и да градиме мостови и да одиме напред“, порача акад. Христо Григоров.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

GoFundMe icon

© 2025. Сите права запазени