01 мај 2025
• од Вардарски
Граничните контроли меѓу Албанија и Косово се укинати од денес, 1 мај, и ќе останат така до 30 септември, согласно договорот постигнат меѓу двете земји. Ова значи дека граѓаните на Албанија и Косово ќе можат да ја преминуваат границата преку преминот Морина-Вармица по забрзана постапка, без задолжителни проверки на личните документи, вкупно девет месеци во годината.
Договорот, кој беше постигнат пролетта минатата година, предвидува поедноставени процедури за сите автомобили со косовски и албански регистарски таблички. Неговата цел е да се овозможи побрзо и непречено движење, особено во летниот период кога голем број граѓани од Косово патуваат кон Албанија за одмор и туризам.
Освен во летниот период (1 мај – 30 септември), олеснетиот режим на граница важи и во зимските месеци, од 1 ноември до 28 февруари, кога исто така не се спроведуваат проверки на личните документи на граѓаните.
Дополнително, според договорот меѓу министерствата на двете земји, од следниот месец ќе започнат да функционираат и заеднички сообраќајни патроли, како што тоа беше случај и во претходните години. Оваа мерка има за цел да го подобри надзорот и безбедноста на патиштата во периодот на зголемен сообраќај.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

