Бојко Борисов: Го осудувам бруталниот напад врз Суми и давам поддршка на украинскиот народ
Лидерот на бугарската партија ГЕРБ, Бојко Борисов, изрази длабока загриженост и сочувство по повод разорниот руски ракетен напад врз центарот на украинскиот град Суми, кој се случи утрово – токму на големиот христијански празник Цветници.
„Ужасен сум од бруталниот ракетен напад врз центарот на Суми на Цветница. Категорично го осудувам овој чин на насилство, а моите мисли се со народот на Украина“, напиша Борисов на социјалната мрежа „X“.
Тој додаде дека силно остануваат посветени на итен и целосен прекин на огнените дејствија, повикувајќи на мир и разум.
Нападот, кој според украинските власти бил извршен со балистички ракети, се смета за еден од најсмртоносните оваа година. Според министерот за внатрешни работи на Украина, Игор Клименко, најмалку 21 лице го загубило животот, а 83 се повредени.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја осуди трагедијата и повика на силна и обединета меѓународна реакција против Москва.
Овој немил настан уште еднаш потсетува на кревкоста на мирот и потребата од солидарност и гласна поддршка за украинскиот народ, кој и понатаму живее под сенка на војната.