СВЕТ

Борисов: Бугарија не е само дел од Шенген, туку и негов чувар

30 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Бугарија не е само дел од Шенген, туку и негов чувар. Бугарските граѓани веќе ги гледаат придобивките од членството во Шенген. Ова го изјави лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, на својот Фејсбук-профил за време на средбата со еврокомесарот за внатрешни работи и миграција, Магнус Брунер.

Борисов потенцираше дека влезот на Бугарија во Шенген претставува долгоочекуван чекор, кој директно го засега секојдневниот живот на повеќе од 450 милиони Европејци – полесно патување, повеќе можности и помалку бирократија.

Според Борисов, Шенген е едно од најголемите достигнувања на Европската Унија. Тој посочи дека за да се зачува, неопходно е постојано да се надградува, преку модерни технологии, сигурни надворешни граници и солидарност меѓу државите.

Лидерот на ГЕРБ истакна дека Бугарија има клучна улога во тој процес. „Ние ја чуваме границата не само за себе, туку за цела Европа“, нагласи Борисов.

На средбата, Борисов и Брунер разговараа за улогата на Бугарија во Шенген, обезбедувањето на надворешните граници и спроведувањето на Пактот за миграција и азил.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

GoFundMe icon

© 2025. Сите права запазени