29 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Министерот за одбрана на Бугарија, Атанас Запрјанов, денеска одржа средба со својот албански колега Пиро Вангу, кој престојува во работна посета на земјата, соопшти бугарското Министерство за одбрана.
Главен фокус на разговорите бил придонесот на Бугарија и Албанија во мерките за зајакнување на одвраќачките и одбранбените капацитети на НАТО на источниот фланг на Алијансата. Двајцата министри разговарале и за развојот на оперативните способности на Мултинационалната борбена група на НАТО, која е распоредена во Бугарија.
Во рамките на посетата, албанската делегација, предводена од министерот Вангу, го посети воениот полигон „Ново село“. Таму албанскиот министер се сретна со припадниците на албанските вооружени сили кои учествуваат во составот на Мултинационалната борбена група на НАТО во Бугарија.
За време на средбата, Вангу им ги честиташе претстојните новогодишни празници на албанските војници и ја нагласи важноста на нивната улога во заедничките напори за зајакнување на колективната безбедност на Алијансата.
Вселенскиот Патријарх ја пофали Бугарија за еврото со ликот на Свети Иван Рилски
Бујар Османи: Албанците се понижувани и заплашувани во државна институција
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

