16 мај 2025
• од Вардарски
Амбасадорот на Бугарија во Србија, Петко Дојков, официјално ѝ врачи протестна нота на Србија заради сквернавењето на бугарските воени споменици во Белград и Ниш. Овој чекор беше преземен на состанок во Министерството за надворешни работи на Србија, а информацијата беше објавена од бугарската амбасада во Белград преку нејзиниот Фејсбук профил.
Според објавеното, на 12 и 15 мај бугарската страна утврдила дека спомен-костурницата „Ледена стена“ во Ниш и споменикот на бугарското воено гробиште во Белград биле цел на вандализам. Делови од двата споменика биле искршени и оштетени.
Амбасадорот Дојков ја изразил сериозната загриженост на бугарските власти и побарал од надлежните српски институции да спроведат темелна истрага, да ги санкционираат сторителите и да преземат соодветни мерки за да се спречат слични инциденти во иднина.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

