30 април 2025
• од Вардарски
На 6 мај, соседна Бугарија свечено ќе го одбележи Денот на храброста и празникот на Бугарската армија со голема воена парада и низа церемонии во центарот на Софија. Настанот ќе се одржи на плоштадот „Кнез Александaр Први“, каде ќе дефилираат над 700 војници од различни родови на армијата.
Свеченостите ќе започнат во 9 часот со водосвет на борбените и историските знамиња пред споменикот на Незнајниот војник. Во знак на почит кон загинатите бугарски војници, ќе бидат положени венци и цвеќе.
Во парадата ќе учествуваат единици од Националната гарда, Копнените сили, Воздухопловството, Морнарицата, Специјалните единици, како и студенти од воените академии „Васил Левски“ и „Н. Ј. Вапцаров“. Придружба ќе дадат и воените оркестри, меѓу кои и Гарденскиот духов оркестар.
Посебно внимание ќе привлече воздушниот дел од парадата, кога над плоштадот ќе прелета хеликоптер Ми-17 со бугарското знаме, придружен од два хеликоптери „Кугар“.
Во пресрет на празникот, вечерта на 5 мај во 21 часот, ќе се одржи свечена илуминација во Софија, што ќе придонесе за уште посветла и достоинствена атмосфера.
6 Мај е значаен симбол во бугарскиот календар – ден посветен на храброста, честа и саможртвата на војската и народот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

