10 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
НАТО ќе примени воена сила за неутрализирање на руските беспилотни летала кои навлегуваат во воздушниот простор на Алијансата. Дроновите ќе бидат соборувани, а членките се подготвени за заедничка одбрана. Ова го изјави бугарскиот министер за одбрана Атанас Запрјанов во врска со неодамнешните инциденти со руски дронови кои навлегле во Полска.
Запрјанов истакна дека и Бугарија внимателно го следи своето воздушно пространство и е подготвена да реагира – како со сопствени сили, така и со поддршка од сојузниците. „Ова е провокација и грубо прекршување на меѓународното право, кое Бугарија категорично го осудува,“ рече тој.
Министерот предупреди дека Русија со овие постапки дополнително го влошува безбедносниот амбиент и го нарушува дијалогот со НАТО. „Не само што нема дијалог, туку станува збор за непријателски дејствија кон територијата на НАТО,“ додаде тој.
Запрјанов потенцираше дека НАТО има доволно сили за противвоздушна одбрана на источниот фланг, како и распоредени системи и авијација, со што е гарантирана безбедноста на сојузниците во Полска и другите засегнати држави.
На прашањето дали е можно активирање на Член 5 од Северноатлантскиот договор, според кој напад врз една членка се смета за напад врз сите, Запрјанов појасни дека во случајов не станува збор за директен напад врз цели на полска територија. „Доколку имаше таква директна атака, тогаш би значело активирање на Член 5 и колективната одбрана,“ изјави министерот.
Покрај Полска, и Романија се соочува со проблеми од руските дронови, особено во близина на делтата на Дунав. Според Запрјанов, тие се користат за напади врз украинска територија, но тоа не ѝ дава право на Русија да го нарушува воздушниот простор на други држави.
Тој објасни дека Украина располага со антидрон системи насочени кон фронтовата линија, но користењето на воздушниот простор на други земји веројатно има за цел да изненади и да ја избегне украинската одбрана. „Ова е апсолутно недозволиво,“ категоричен беше Запрјанов.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

