СВЕТ

Бугарија: Скопје го манипулира прашањето за идентитетот за да избегне обврски

25 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Министерството за надворешни работи на Бугарија упати остра реакција на македонските позиции поврзани со идентитетските прашања, обвинувајќи ја Република Северна Македонија за манипулативно толкување на перцепцијата за идентитетот, што, според нив, често се користи како изговор за неисполнување на преземените обврски.

Во соопштението, кое е речиси идентично со претходната изјава на бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев, МНР на Бугарија ја поздравува решеноста на Комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент (АФЕТ) да не се вплеткува во, како што се наведува, „шпекулативни националистички наративи“ кои се поврзани со тврдењата за вековен македонски идентитет.

„Таквите наративи се спротивставуваат на европските вредности на инклузија и ги повредуваат чувствата и на Бугарите и на претставниците на другите заедници во Северна Македонија“, се наведува во соопштението.

Софија ги истакнува своите загрижености во однос на политиките на Скопје, посочувајќи два клучни аспекта: гарантирање на правото на Бугарите во Северна Македонија на самоопределување, без страв од прогон и дискриминација, и спречување на провокации кон бугарските граѓани, особено оние кои имаат потекло од регионот Македонија.

На крајот од реакцијата, бугарското МНР повторува дека останува посветено на сите елементи од Европскиот консензус од 2022 година, нагласувајќи дека неговата целосна имплементација е единствениот пат кон европската интеграција на Северна Македонија.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

GoFundMe icon

© 2025. Сите права запазени