28 март 2025
• од Вардарски
Во време кога економската криза ги погодува најранливите категории, Бугарија покажа дека знае да се грижи за своите постари граѓани. Владата во Софија одлучи на околу 687.000 пензионери со најниски примања да им додели велигденски додаток од 50 лева – околу 25 евра, во пресрет на најголемиот христијански празник.
Одлуката беше соопштена од министерката за финансии Теменужка Петкова, која истакна дека по анализа на буџетот за 2025 година и консултации со политичките партнери, државата нашла начин да издвојува средства за помош токму таму каде што најмногу треба – кај сиромашните пензионери. Додатоците ќе ги добијат сите со пензија до прагот на сиромаштија, кој во Бугарија изнесува 638 лева (околу 326 евра).
Ова е вистински пример за социјална одговорност и човечка грижа.
А кај нас?
Додека бугарските пензионери ќе добијат скромен, но значаен празничен додаток, македонските пензионери – повторно нема да добијат ништо. Ниту збор за помош, ниту најава за поддршка. Владата молчи, а пензионерите се оставени сами да се справуваат со растечките трошоци, инфлацијата и празничната неизвесност.
Оваа бугарска одлука е потсетник дека кога има волја – има и начин. И дека достоинството на пензионерите може да се почитува, барем за празник. Македонија би можела многу да научи од овој потег – ако, се разбира, некој навистина сака да слушне.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

