25 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Германскиот одбранбен концерн „Рајнметал“ најави изградба на две фабрики во Бугарија, потврди извршниот директор на компанијата Армин Папергер за време на средбата со лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, во Диселдорф, пренесе БГНЕС.
Папергер истакна дека инвестицијата во фабриките за барут и артилериски гранати ќе биде во вредност од над 1 милијарда евра и ќе претставува почеток на долгорочна соработка меѓу германскиот концерн и бугарската држава. Производството ќе биде во согласност со стандардите на НАТО, што ќе придонесе за посилна позиција на Бугарија во Алијансата и на меѓународната сцена.
„Првата фабрика ќе биде за артилериски гранати и ќе има капацитет од 100 илјади полнења годишно. Заедно со бугарската влада ќе изградиме и фабрика за барут, која ќе биде најголемата во Европа“, изјави Папергер.
Според Борисов, Европската комисија е веќе информирана за проектите, а средствата од бугарската држава се гарантирани. Тој нагласи дека во наредните три недели треба да се подготват договорите за заедничкото вложување.
„Фабриката за барут ќе биде голема колку две германски фабрики, а фабриката за гранати од 155 мм е од исклучителна важност не само за бугарската армија, туку и за цела Европа“, изјави Борисов.
Борисов најави и дека се работи на уште еден голем проект: изградба на фабрика за производство на беспилотни летала, за која јавноста ќе биде информирана откако ќе се финализираат разговорите.
Со ова, Бугарија се позиционира како значаен фактор во европската одбранбена индустрија и стратешки партнер на Германија и „Рајнметал“.
Наместо гордост, понижување: Штип празнува јубилеј на клуб со окупаторско потекло
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден