Бугарска делегација предводена од премиерот Жељазков ќе присуствува на погребот на папата Франциск во Рим
Бугарскиот премиер Росен Жељзков ќе ја предводи бугарската делегација што ќе учествува на траурната церемонија по повод погребот на папата Франциск, која ќе се одржи на 26 април во Рим, Италија. Ова беше потврдено од прес-службата на бугарската влада, откако Министерскиот совет го одобри составот на делегацијата.
Покрај премиерот Жељзков, во делегацијата се вклучени и заменик-премиерот и министер за транспорт и комуникации Гроздан Караџов, заменик-премиерот Атанас Зафиров, министерот за надворешни работи Георг Георгиев, како и амбасадорот на Бугарија при Светиот престол, Костадин Коджабашев.
Папата Франциск почина на 21 април во 7:35 часот наутро, на 88-годишна возраст. Според соопштението на Ватикан, причина за смртта била мозочен удар кој довел до кома, а потоа и до срцева слабост.
Светот го испраќа последното збогум на папата Франциск, кој беше симбол на дијалог, мир и социјална правда, оставајќи длабока трага во современата историја на Католичката црква.