17 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Военоморските сили на Република Бугарија успешно извршија задача за извидување и уништување на беспилотно пловило во Црното Море, соопшти бугарското Министерство за одбрана.
Според информациите, дронот бил забележан на 15 септември 2025 година, на околу 80 километри источно од Варна, во координација со сојузнички сили. По детално извидување на објектот, на 16 септември бил уништен. При операцијата не биле регистрирани секундарни експлозии.
Во акцијата учествувале хеликоптер, брз патролен чамец и воен брод на бугарската морнарица. Од Министерството за одбрана нагласуваат дека биле преземени сите неопходни мерки за безбедност на поморскиот сообраќај во регионот.
Спроведувањето на операцијата било овозможено по добиена дозвола од началникот на одбраната, со цел извидување, неутрализирање на заканата и гарантирање на сигурноста на пловидбата во Црното Море.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден