08 јули 2025
• од Станча Јаќимовски
Бугарија официјално влегува во завршната фаза од процесот на пристапување кон еврозоната, откако Советот на ЕУ и Европскиот парламент донесоа одлука за нејзино членство. Со тоа, Бугарската народна банка (БНБ) оваа недела започнува со ковање на бугарските евромонети, изјави гувернерот на БНБ, Димитар Радев, во интервју за Бугарската телеграфска агенција (БТА).
„Без непотребни емоции. Одлуката беше очекувана и целосно заслужена. Тоа е потврда на правилниот стратешки избор и резултат на долгодишни напори на повеќе нивоа“, изјави Радев, нагласувајќи дека со ова Бугарија се приближува кон едно од најважните економски и политички достигнувања – воведувањето на еврото како официјална валута.
Покрај започнувањето на ковањето на евромонетите, паралелно се активираат и други клучни процеси поврзани со промената на валутата. Во тек е техничка подготовка на информациските и банкарските системи, како и организирање на широка информативна кампања. Овие активности се реализираат во координација со Владата, Европската централна банка и Европската комисија.
Радев повторно потенцираше дека зачувувањето на фискалната стабилност и исполнувањето на државниот буџет остануваат приоритети во овој преоден период. Според него, успешното усвојување на еврото ќе зависи не само од техничките подготовки, туку и од одржувањето на економска дисциплина и јавна доверба.
Со чекорите што ги презема, Бугарија се позиционира како следната членка на еврозоната, а националната конверзија од лев кон евро се очекува да се одвива без поголеми турбуленции.
Инфлацијата достигна 4,5% – СДСМ обвинува за економска неспособност на Владата
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден