21 април 2025
• од Вардарски
Светот денес го загуби еден од најистакнатите духовни лидери на современицата – Папа Франциск. Неговата смрт на 88-годишна возраст беше соопштена од Ватикан, откако долги месеци се бореше со тешка бронхопневмонија и беше хоспитализиран во римската болница „Агостино Џемели“.
По повод неговата смрт, трогателна изјава дојде од Бугарија, поточно од Иван Иванов – претставник на Бугарската православна црква во Рим, кој за Нова телевизија изјави:
„Папа Франциск беше велика личност и радетел за мира. Тој го посвети животот на борбата за мир во светот. Успеваше да ги обедини сите христијани, па и лидери од други религии, со цел заедничко справување со глобалните конфликти. За тоа се бореше до последно.“
Иванов нагласи дека Папа Франциск ја продолжил линијата на мир и дијалог што ја поставија неговите претходници, но со особена харизма, топлина и човечност. Оваа изјава од бугарска страна е доказ за широкото почитување што папата го уживаше и надвор од Католичката црква.
Папа Франциск, роден како Хорхе Марио Берголио во Аргентина, беше првиот папа од Латинска Америка и еден од најголемите застапници за социјална правда, верска толеранција и мир во современиот свет. Неговото дело остави длабоки траги и кај народите на Балканот.
Иако изјавата доаѓа од бугарската православна заедница, таа рефлектира пошироко чувство на почит кое го предизвикуваше Папа Франциск меѓу верници од различни нации и конфесии.
Нека почива во мир човекот кој целиот свој живот го посвети на соединување, разбирање и молитва за мир.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

