22 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Во Универзитетската болница „Св. Иван Рилски“ во Софија беше изведена ретка и исклучително сложена операција, која предизвика внимание и на меѓународно ниво. Екипата предводена од д-р Станимир Сираков, интервенционален рентгенолог, успеа да оперира 10-годишно девојче без отворање на черепот – со пристап преку вена на ногата.
Наместо класична хируршка интервенција, лекарите користеле современ метод под рентгенолошки контрол. Преку оваа техника се лекуваат мозочни аневризми, дел од тумори, како и исхемичен мозочен удар во акутна фаза.
„Методата ја применуваме околу три години, но ова е најкомплексната операција досега. Досега сме извеле околу 60 вакви процедури кај деца со полесни форми на заболувања. Се обучувавме во странство за да ја донесеме современата медицина и кај нашите пациенти,“ изјави д-р Сираков.
Освен кај детето, истиот тип интервенција бил успешно изведен и кај 40-годишен пациент. Постигнатите резултати добија признание и честитки од водечки имиња во светската медицина.
За својот придонес и исклучителна работа, д-р Сираков е номиниран за годишните национални медицински награди National Medical Awards 2023, популарно наречени „Оскари во медицината“. Овие награди се доделуваат за значајни достигнувања на бугарски лекари и медицински екипи, со цел да се истакнат добрите практики и успехот на домашните специјалисти во земјата и во светот.
Ова признание е доказ дека професионализмот, знаењето и упорноста можат да направат чудо и да спасат многу човечки животи. Д-р Сираков и неговиот тим продолжуваат секојдневно да се борат за здравјето на пациентите, внесувајќи нови стандарди во медицината во регионот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

