29 април 2025
• од Вардарски
Министерот за надворешни работи на Бугарија, Георг Георгиев, телефонски разговараше со државниот секретар на САД, Марко Рубио. Во разговорот, Георгиев нагласи дека САД се клучен стратешки партнер и сојузник на Бугарија во НАТО, со кого ќе продолжат да работат заедно на постигнување на заедничките цели – зајакнување на енергетската безбедност, подобрување на одбранбените капацитети и привлекување на нови инвестиции, соопшти бугарското Министерство за надворешни работи.
Георгиев и Рубио разговараа за продлабочување на соработката во областа на одбраната и нуклеарната енергетика. Министерот Георгиев ја истакна важноста на партнерството со САД во процесот на модернизација на бугарската армија, преку набавката на најсовремени борбени авиони F-16 Block 70, како и преку заедничките проекти за набавка на борбени возила „Страјкер“ и противтенковски ракети „Џавелин“.
Во разговорот било нагласено и стратешкото значење на договорот со американската компанија „Вестингхаус“ за диверзификација на нуклеарното гориво за АЕЦ „Козлодуј“, како клучен чекор за јакнење на енергетската безбедност на Бугарија.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

