24 септември 2025
• од Гоце Кически
Во бугарското Народно собрание се разгледува нова иницијатива за воведување такса врз транзитот на рускиот природен гас што поминува низ бугарска територија кон Србија и Унгарија. Предлогот е насочен кон обезбедување значителни приходи за државниот буџет без дополнителен финансиски товар за бугарските граѓани.
Бугарија е единствената транзитна точка преку која Москва сѐ уште испорачува гас кон Европа по копнен пат. Оваа позиција, според пратениците, и овозможува на Софија да преземе активна улога во ограничувањето на руското енергетско влијание и да ја користи транзитната мрежа како инструмент за заштита на сопствените и европските интереси.
Според парламентарната дискусија, воведувањето на таквата такса може да обезбеди околу 3 милијарди лева дополнителни средства, кои би се користеле за стабилизирање на буџетот, покривање на социјални расходи и финансирање на капитални проекти.
Соседна Србија, која упорно се потпира на рускиот гас и одбива да се приклучи кон европските санкции против Москва, би била меѓу најпогодените од мерката. Според бугарските парламентарци, Белград свесно се позиционира како „енергетски сателит“ на Кремљ, на штета на регионалната безбедност.
Од Софија истакнуваат дека воведувањето на оваа такса не е само економско прашање, туку и геополитички чекор – усогласен со европската енергетска стратегија за намалување на зависноста од руски гас и нафта.
„Бугарија веќе ја покажа својата европска определба со успешниот прием во Шенген. Сега е време државата да ја искористи својата транзитна позиција и да ги заштити своите интереси, без да ги зголемува даноците на населението“, коментираа пратеници за време на дебатата.
Очекувањата се мерката да наиде на отпор од страна на Србија и Унгарија, чии влади продолжуваат да одржуваат блиски односи со Русија. Сепак, бугарската позиција е јасна: транзитната инфраструктура е национален ресурс, и секој што ја користи мора да придонесе за стабилноста на бугарската економија и за европските енергетски цели.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

