Чудо во Бугарија: Најголемиот дрон во Европа подигна човек!
Вистински спектакл се одвиваше во бугарскиот град Враца, каде што беше демонстриран најголемиот дрон во Европа – технолошко достигнување кое не само што фасцинираше, туку и постави нови стандарди во индустриската примена на дроновите.
Овој тешкотоварен дрон, со капацитет да носи до 100 килограми, во живо демонстрираше своите можности подигнувајќи врачанското знаме и човек во воздух – настан кој ги остави присутните без здив.
Дронoт е дело на компанијата Power Robotics, која нагласува дека ваквите летала се користат за безбедно и ефикасно чистење и бојадисување на тешко достапни објекти. Благодарение на оваа технологија, се избегнува користење на скапа и ризична опрема како што се кранови, високи скелиња или ангажирање на алпинисти.
„Со овој дрон ја правиме работата побезбедна и побрза. Тоа е иднината на индустриските решенија на големи височини“, велат од Power Robotics.
Овој настан е уште еден доказ дека Бугарија станува лидер во технолошките иновации во регионот, а демонстрацијата на најголемиот дрон во Европа сигурно ќе се памети уште долго!