22 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Во италијанскиот град Риети се случи настан кој предизвика огромно внимание во јавноста. Калуѓерка, чиј идентитет засега не се открива, родила здраво машко дете без претходно да знае дека е бремена.
Сè започнало кога монахињата почувствувала силни болки во стомакот. Нејзините колешки веднаш повикале Итна помош, по што таа била пренесена во локалната болница. Таму лекарите утврдиле дека станува збор за породување и на свет донела момче со тежина од 3,5 килограми.
Вработените во болницата се обиделе максимално да ја заштитат приватноста на калуѓерката. Таа била сместена во одделен простор, подалеку од другите пациенти. Иако официјална потврда за случајот сè уште нема, информацијата брзо се прошири преку социјалните мрежи и предизвика бројни реакции.
Според информациите на агенцијата AFP, монахињата е со потекло од Ел Салвадор. На новороденчето му било дадено името Франческо – во чест на актуелниот папа Франциск, што дополнително го привлече вниманието на јавноста.
Најголемо изненадување претставува фактот што калуѓерката, според пишувањата на медиумите, воопшто не била свесна дека е бремена до моментот на породувањето. Оваа неочекувана приказна ја потресе не само локалната заедница во Риети, туку и пошироката јавност, отворајќи многу прашања и коментари.
Владата ќе троши 383.000 евра за кампања за придобивките од членството во ЕУ
Руте: Мора да обезбедиме Путин никогаш повеќе да не се обиде да ја нападне Украина
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден