СВЕТ

Цената на златото повторно скокна поради нестабилната ситуација на Блискиот Исток

14 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Цената на фјучерсите за злато со испорака во август 2025 година денеска се искачи над 3.450 американски долари за тројна унција на берзата Comex, дел од Њујоршката стоковна берза. Ова е првпат од 22 април досега што златото достигнува вакво ниво – поттикнато од новата ескалација на конфликтот меѓу Израел и Иран.

Според најновите податоци, рано изутринава цената на благородниот метал порасна за 0,07%, достигнувајќи 3.450,2 долари за тројна унција. Подоцна во текот на денот, златото го забрза растот и се искачи на 3.467 долари – највисока цена за денот. Неколку часа потоа, цената благо се намали на 3.447,3 долари, што претставува речиси незабележливо опаѓање од 0,01%.

Во исто време, светските цени на нафтата скокнаа за повеќе од 10%, откако Израел започна серија воздушни напади врз иранска територија, насочени кон нуклеарната програма и воените објекти на Иран. Според светските медиуми, нападите се дел од операцијата наречена „Разбудениот лав“, која започна во текот на ноќта и траеше до раните утрински часови.

Израелските власти соопштија дека се погодени „стотици цели“, а премиерот Бенјамин Нетанјаху изјави дека акцијата имала превентивен карактер, бидејќи израелското разузнавање дошло до информации дека Иран е многу блиску до добивање нуклеарно оружје.

Зголемената геополитичка неизвесност придонесува инвеститорите повторно да се свртат кон златото како сигурно засолниште во време на криза. Експертите предупредуваат дека, доколку тензиите продолжат да се продлабочуваат, може да се очекуваат дополнителни ценовни осцилации и на пазарите на суровини и на финансиските пазари во целина.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени