01 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Над 50.000 граѓани од Бугарија вечерва се собраа во центарот на Софија на масовен протест против актуелната власт и начинот на кој се води државата.
Незадоволството на граѓаните е насочено кон односот на Влада на Бугарија кон обичните луѓе и деловниот сектор. Главен повод за протестите се најавените зголемени даноци во предложениот државен буџет за 2026 година, со кои граѓаните и бизнисот не се согласуваат и ги сметаат за неправедни и штетни за економијата.
Освен во Софија, дополнителни над 30.000 демонстранти излегоа на улица и во повеќе од 10 големи градови низ Бугарија. Според информации од терен, причина за проширување на протестното движење е и како што велат граѓаните – арогантниот и непочитувачки однос на владата кон граѓаните и приватниот сектор во текот на буџетските преговори.
Во моментов протести се одржуваат и во Варна, Бургас, Русе, како и во Пловдив, каде демонстрантите истакнуваат пароли за оставки, поголема транспарентност и дијалог во носењето на економските политики.
Организаторите на протестите најавуваат дека собирите ќе продолжат и во наредните денови, сè додека буџетските барања на јавноста не бидат слушнати и земени предвид. За сега, од владата нема официјален одговор на барањата од улица, но ситуацијата останува тензична, а граѓаните категорично порачаа дека ќе продолжат да го искажуваат својот глас и револт.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

