01 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Дара е големиот победник на националната селекција за бугарска песна за „Евровизија 2026“. Таа ќе ја претставува Бугарија на натпреварот што во мај ќе се одржи во Виена, соопшти Бугарската национална телевизија (БНТ).
Во студиото на БНТ, жирито составено од Љубо Киров, Нина Николина, Богдана Карадоќева, Криско и Викторија Халкити – вокален педагог на бројни евровизиски победници како Елена Папаризу и Дима Билан – го донесе конечниот избор.
Вкупно осум изведувачи се натпреваруваа за учество на јубилејното 70-то издание на „Евровизија“: Керана и Космонаутите, Михаела Маринова, Молец, Роксана, DARA, Innerglow, MONA и Прея.
Националната селекција се одржа во три етапи во текот на јануари и февруари 2026 година, како музичка шоу-програма што се емитуваше во живо на БНТ 1. Во првата етапа, на 24 јануари, сите учесници изведоа по една авторска песна. Седум од нив продолжија во втората етапа на 31 јануари, каде повторно настапија со авторска композиција, а на крајот беше избран победникот. Во двете етапи, конечниот пласман се одредуваше со комбиниран глас од телевизиската публика и професионалното жири.
Двата полуфиналиња на „Евровизија 2026“ се закажани за 12 и 14 мај, додека големото финале ќе се одржи на 16 мај во Виена.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

