08 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Воената индустрија зазема сè поголемо место во бугарската економија и веќе учествува со 28% од бруто домашниот производ, што е повеќе отколку туризмот и земјоделието заедно. Ова го изјави вицепремиерот Томислав Дончев во гостување на БТВ, коментирајќи ги плановите за изградба на два нови завода – за барут и за муниција по стандардите на НАТО. Проектот ќе биде реализиран во соработка со германскиот концерн „Рајнметал“, кој има повеќе од еден век искуство во производство на воена техника.
Дончев посочи дека, иако индустријата бележи раст, сериозен проблем претставува недостигот на квалификуван кадар. „Во моментов млад способен инженер е како трансферен фудбалер – секој сака да го земе,“ истакна тој. Според него, семејствата и младите често не ја согледуваат оваа област како образовна и професионална перспектива, иако потенцијалот е огромен.
„Една од нашите цели е да ја направиме бугарската индустрија позната и препознатлива, со што ќе успееме да привлечеме повеќе кадри,“ додаде Дончев.
Вицепремиерот се осврна и на планираните законски промени, со кои претседателот на Националниот статистички институт ќе се избира од Народното собрание. Дончев нагласи дека нема место за политички интриги и увери дека целта е модернизација на статистиката, која, според него, во последните две години не бележела значителен напредок.
На прашање за политичката иднина на владата, Дончев одговори дека единственото нешто што може да ѝ обезбеди време и стабилност е конкретната работа и реалните резултати. „Само тоа може да ја оправда довербата на граѓаните,“ заклучи тој.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден