26 март 2025
• од Гоце Кически
Ерменскиот парламент гласа за поднесување кандидатура на Кавказката држава за членство во Европската унија. Во последните неколку години, Ерменија се приближува сè повеќе кон Западот, разочарана од фактот што Москва не успеала да ја заштити од Азербејџан.
Законот беше прифатен со 64 гласа "за" – сите од пратениците на владејачката партија „Граѓански договор“. Овој законопроект бара од кабинетот да започне процесот на пристапување на Ерменија кон ЕУ.
Односите меѓу Ереван и Москва доживеаја драстично влошување по брзата офанзива на Азербејџан во 2023 година, која го порази сепаратистичкиот режим, поддржан од Ерменија, во Нагорно Карабах. Ерменија ја обвини Русија, која има околу 2000 војници распоредени во регионот, дека не презела ништо за да ги спречи борбите и последователното иселување на повеќе од 100.000 Ерменци од Нагорно Карабах.
Четири дена по офанзивата, Ерменскиот премиер Никол Пашинјан во телевизиско обраќање изјави дека сегашните безбедносни сојузи на Ереван се „неефикасни“ и „недоволни“. Во февруари 2024 година, тој ја замрзна учествувањето на Ерменија во Организацијата за колективна безбедност предводена од Русија – одбранбена алијанса составена од неколку поранешни советски земји, слична на НАТО.
Ереван исто така се приклучи на Меѓународниот кривичен суд, противно на желбата на Москва, што значи дека земјата ќе мора да го уапси рускиот претседател Владимир Путин ако тој ја посети Ерменија.
Во септември 2024 година, Ерменија започна преговори за либерализација на визниот режим со Европската унија и ги зајакна своите одбранбени врски со Франција. Во јули 2024 година, се одржаа воени вежби со американските трупи.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

