15 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Европската унија работи на подготовки за воведување на 20-тиот пакет санкции насочени кон Русија. Ова го соопшти високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Кaja Калас.
Калас истакна дека приоритет останува итно и целосно запирање на огнот во Украина, но нагласи дека „Русија во моментов воопшто не сака да преговара“. По средбата на министрите од Г-5, таа посочи дека Унијата разгледува неколку можни модели за идно финансирање на Украина. Меѓу нив, најизразена опција е употребата на замрзнатите руски средства како „најјасен начин“ за поддршка на украинската одбрана.
„Ова е и начин да ѝ се покаже на Русија дека времето не работи во нејзина полза“, додаде Калас.
Таа упати и предупредување дека ЕУ не смее да ги прифаќа нападите со дронови како „нова нормалност“. Според неа, неопходно е систематско делување за спротивставување на хибридните закани и за зајакнување на механизмите на одвраќање.
Калас најави дека следната недела ќе го претстави новиот план за подобрување на воената мобилност во рамките на ЕУ. Таа нагласи дека брзото и ефикасно преместување на трупи и вооружување во рамките на Унијата е клучно за нејзината безбедност.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

