28 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Европската унија разгледува можност за воведување на нов пакет секундарни санкции против Русија, како дел од напорите за зголемен притисок врз Москва поради војната во Украина.
Според информации објавени од „Блумберг“, мерките се насочени кон спречување на трети земји да ѝ помагаат на Русија во заобиколување на постојните санкции на ЕУ. Станува збор за рестрикции што ќе се однесуваат на конкретни стоки и ќе имаат за цел дополнително ограничување на руската економија.
Овој пакет ќе биде тема на дискусија на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ што ќе се одржи оваа недела во Копенхаген. Таму се очекува да се разгледаат деталите и потенцијалното влијание на новите мерки врз меѓународната трговија и политичките односи со трети земји.
Европската унија веќе работи на 19-тиот пакет санкции, кој се очекува да биде официјално претставен во септември. Украинските власти редовно апелираат до Брисел за воведување на построги мерки, со цел да се зголеми притисокот врз Кремљ и да се создадат услови за можни преговори за примирје.
Наместо гордост, понижување: Штип празнува јубилеј на клуб со окупаторско потекло
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден