22 септември 2025
• од Тодор Вангелов
Делегацијата на Европската унија во Албанија упати честитка до премиерот Еди Рама и сите министри по повод преземањето на новиот владин мандат.
„Честитки до премиерот Еди Рама и сите министри за преземањето на функциите. Со континуиран напор за усвојување и спроведување на неопходните реформи преку транспарентни и сеопфатни процеси, Албанија може да ја постигне амбициозната цел – затворање на преговорите за членство во ЕУ до крајот на 2027 година,“ се вели во пораката објавена на социјалните мрежи од страна на ЕУ делегацијата во Тирана.
Во истата изјава, Европската унија нагласува подготвеност за соработка со сите албански актери со цел исполнување на оваа, како што е наведено, „историска цел за добробит на албанските граѓани“.
Амбициозниот рок од 2027 година се поклопува со стратегијата на Унијата за проширување кон Западен Балкан, каде Албанија заедно со Северна Македонија, Црна Гора и Србија останува меѓу клучните кандидати за членство.
Премиерот Рама досега повеќепати истакна дека интеграцијата во ЕУ останува врвен приоритет на неговата влада, а меѓународната поддршка се гледа како поттик за забрзување на реформските процеси, особено во владеењето на правото, борбата против корупцијата и економскиот развој.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

