25 март 2025
• од Вардарски
Европската унија подготвува нови правила за сите што планираат да седнат зад воланот. Според новиот договор меѓу Европскиот парламент и земјите-членки, младите возачи ќе добиваат возачка дозвола со двегодишен пробен период. За време на овој период ќе важат построги правила и построги казни – особено ако се вози под дејство на алкохол или се прекршуваат основни безбедносни мерки, како што се користењето сигурносни појаси и системите за заштита на деца.
Покрај оваа новина, ЕУ планира да ја намали минималната возраст за управување со тешки возила – од 21 на 18 години за камиони и од 24 на 21 година за автобуси. Сепак, младите ќе мора да имаат професионална обука и сертификат. На национално ниво, земјите можат да им дозволат и на 17-годишни лица да возат комбе или камион, но само во присуство на искусен возач и само во домашни услови.
Дополнително, се воведува можност за дигитална возачка дозвола која ќе може да се носи на мобилен телефон. Земјите имаат рок од 5 години и 6 месеци за да ја имплементираат оваа новина, иако граѓаните ќе можат да побараат и физичка верзија доколку сакаат.
Новите правила вклучуваат и:
Овој договор сè уште треба официјално да биде одобрен од Советот и Европскиот парламент, а потоа земјите ќе имаат рок од 4 години да ги вклучат новите правила во своите закони.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

