01 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Авион кој ја превезуваше претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во неделата попладне беше принуден да слета во Пловдив со користење на хартиени мапи, откако навигациските системи биле блокирани во инцидент кој официјални претставници го опишуваат како руска операција за електронско мешање.
Според тројца европски функционери запознаени со случајот, во моментот на приод кон аеродромот „целата област на Пловдив останала без GPS сигнал“, што ја натерало екипажот повеќе од еден час да кружи над градот. На крај, пилотот донел одлука за рачно слетување користејќи аналогни карти. „Тоа беше недвосмислено мешање,“ изјави еден од официјалните извори.
Бугарската Управа за контрола на воздушниот сообраќај го потврди инцидентот во изјава за Financial Times.
Инцидентот се случува во контекст на сè поагресивни хибридни акции на Москва против институциите на ЕУ и НАТО. Аналитичарите предупредуваат дека нападот врз авион со европски лидер е директен сигнал за обид на Кремљ да ја тестира безбедносната решителност на сојузот.
Фон дер Лајен, која е во постојана дипломатска офанзива за зајакнување на евроатлантската интеграција и поддршка на Украина, по слетувањето испрати порака дека „Европа нема да се поклони пред руските обиди за дестабилизација“.
Бугарските власти и европските институции најавија зајакнување на координацијата со НАТО, вклучително и дополнителни мерки за електронска безбедност на воздушниот простор во регионот.
Овој напад уште еднаш ја потврдува важноста на европската солидарност и стратешката улога на НАТО во заштитата од закани кои доаѓаат од Русија, велат дипломати во Брисел.
Голем успех за бугарските ученици на Меѓународната олимпијада по англиски јазик
Македонија останува без деца: За една деценија исчезнаа 27 илјади ученици
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден