СВЕТ

Франција бара Иран да се врати на нуклеарните преговори

30 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Францускиот претседател Емануел Макрон оствари телефонски разговор со новоизбраниот ирански претседател Масуд Пезешкијан, објави самиот Макрон на платформата Х.

„Моите барања се: ослободување на нашите сограѓани Сесил Колер и Жак Пари; заштита на нашите граѓани и нашите објекти во Иран, кои не треба да бидат цел на никакви закани; почитување на прекинот на огнот за да се придонесе кон обновување на мирот во регионот; враќање на преговарачката маса за решавање на прашањата поврзани со балистичката и нуклеарната програма; почитување на рамката на Договорот за неширење на нуклеарно оружје и брзо обновување на работата на МААЕ во Иран за целосна транспарентност“, напиша Макрон.

Тој додаде дека во наредните денови ќе продолжи да работи на исполнување на овие цели.

Од друга страна, генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, предупреди дека Иран би можел да започне со производство на обогатен ураниум за само неколку месеци. Неговата изјава предизвика сомнежи за ефективноста на американските воздушни напади со цел уништување на нуклеарната програма на Техеран.

Со образложение дека сака да ја спречи можноста Иран да развие нуклеарно оружје, Израел овој месец започна напади врз ирански цели, што предизвика 12-дневна воздушна војна во која на крајот се приклучија и САД.

Иран тврди дека неговата нуклеарна програма има исклучиво мирољубива цел. Според Гроси, нападите врз објектите во Фордо, Натанц и Исфахан значително ја забавиле способноста на Иран да го преработува и обогатува ураниумот.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

GoFundMe icon

© 2025. Сите права запазени