06 февруари 2025
• од Гоце Кически
Министерот за надворешни работи на Бугарија, Георг Георгиев, денес изјави дека Бугарија останува исклучително последователна во својата политика кон Западниот Балкан и евроинтеграцијата на сите држави од регионот. Според него, постигнатите договори во 2022 година преку Френскиот предлог ќе бидат строго следени.
„Бугарија останува исклучително последователна во однос на својата политика кон Западниот Балкан и евроинтеграцијата на сите држави од регионот. Во 2022 година беше постигнат европски консензус (Француското предлог-решение), кој ќе биде строго следен. Секоја држава треба да ги почитува критериумите и да се придржува кон нив. Членството во Европската Унија се базира на сопствените заслуги.“, изјави Георгиев.
Министерот додаде дека за Бугарија безбедноста и евроинтеграцијата на Западните Балкани имаат исклучителна важност и ги гледа како инвестиција во стабилноста на цела Европа. Тој исто така посочи дека Бугарија беше земјата која во 2018 година го започна, поддржа и катализираше процесот на евроинтеграција на регионот.
„За нас безбедноста и евроинтеграцијата на Западните Балкани е исклучително важна. Ова е инвестиција во стабилноста на цела Европа и ние ја препознаваме како држава која во 2018 година го започна, го поттикна и го катализираше овој процес.“, рече Георгиев.
Во контекст на добрососедските односи, министерот изрази уверување дека постигнатата договореност не е двустранен проблем меѓу Софија и Скопје, туку прашање кое е од интерес на целата Европска унија.
„Постигнатата договореност не е двостранен проблем меѓу Софија и Скопје, туку меѓу Брисел и нашите соседи од Северна Македонија.“, истакна Георгиев.
Изјавата беше снимена од новинската агенција БТА
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

