05 јули 2025
• од Станча Јаќимовски
Германија разгледува можности да го засили украинскиот противвоздушен капацитет преку набавка на ракетни системи „Патриот“ од САД. Ова денеска го потврди портпаролот на германската влада, Штефан Корнелиус, истакнувајќи дека преговорите се во напредна фаза.
„Можам да кажам дека навистина се водат интензивни разговори по ова прашање“, изјави Корнелиус, пренесе агенцијата „Ројтерс“.
Тој додаде дека се разгледуваат различни механизми за компензација на недостигот од системи „Патриот“, кои во последно време се клучни за украинската одбрана.
Претходно, Берлин веќе му испорача на Киев три американски системи за противвоздушна одбрана од сопствените резерви. Сепак, украинскиот претседател Володимир Зеленски постојано нагласува дека на Украина ѝ се потребни уште повеќе вакви системи за да се заштити од руските ракетни напади.
Оваа недела, Пентагон привремено ја прекина испораката на одредени видови вооружување за Украина, вклучувајќи ракети за системот „Патриот“, што дополнително ја усложнува ситуацијата.
Според најавите, Зеленски подоцна денес ќе разговара со американскиот претседател Доналд Трамп, при што се очекува повторно да го отвори прашањето за набавката и доставата на оружје неопходно за одбраната на Украина.